Шпанската полиција уапси 12 члена на најголемата нарко банда во Мадрид и заплени „Ферари“ вреден 250.000 евра и арсенал огнено оружје и јапонски меч, соопшти денеска полицијата.
Како што се наведува, во серија рации биле запленети три кама, неколку автоматски пушки и 600 килограми кокаин.
Во соопштението се истакнува дека бандата била многу насилна, пренесува Ројтерс.
Меѓу запленетите предмети има 20 скапи автомобили, како и 700.000 евра во готово.
Полицијата исто така тврди дека „адвокатот за дрога“ вршел незаконска работа за таа организација.
Членовите на бандата користеле шифрирани имиња и живееле во луксузни објекти.
– Истражителите утврдија дека ова е најголемата организација за дистрибуција на кокаин во Мадрид – се наведува во полициското соопштение.
Објавеното видео покажува дека полицајци земаат торба полна со пари од скривница на таванот на еден од становите.
Лидерот на организацијата, кој потекнува од Мароко, бил поврзан со банди во Колумбија, Мароко, Шпанија и северна Европа.
Шпанската полиција работеше на нивниот случај заедно со колегите од Колумбија.