И Холандија ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека

од Nikola Popovski
180 прегледи

Холандија ќе ја прекине употребата на вакцината АстраЗенека против Ковид-19 како мерка на претпазливост, барем до 29 март, објави денеска холандската влада.

Овој потег, кој следи по слична одлука на Ирска, се заснова на извештаи од Данска и Норвешка за можни сериозни несакани ефекти, објави холандската влада, пренесува Ројтерс.

Неколку земји од Европската унија престанаа да ја користат вакцината на компанијата АстраЗенека поради потенцијалната врска помеѓу оваа вакцина и формирање на фатални крвни тромби.