Станивуковиќ: Никшиќ сега е слободен град

од Vladimir Zorba
338 прегледи

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ им ја честиташе победата на изборите на жителите на Никшиќ и рече дека градот од синоќа е „ослободен“.

„Никшиќ е слободен град од синоќа. Со падот на Мило Ѓукановиќ во неговиот роден град, продолжи големото ослободување на Црна Гора од децениските окови на криминал и корупција“, напиша Станивуковиќ на својот профил на Твитер.

Им честиташе на жителите на Никшиќ за храброста и одважноста, бидејќи, како што рече, беше потребно да се соберат сили и да се спротивстави на системот кој со години е длабоко вкоренет во институциите.

Пред изборите, Станивуковиќ ја поддржа коалицијата „За иднината на Никшиќ“, чиј столб е Демократскиот фронт.

Според првите прелиминарни резултати од вчерашните избори во Никшиќ, ДПС на Мило Ѓукановиќ останува единствената највлијателна партија, но нема да може да формира раководство во тој град.

Слични содржини