289
Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи – Скопје, заедно со Зоолошката градина во Скопје, го спроведе првиот дел од кампањата со едукативен карактер насловена како „Остани безбеден“.
„Овој викенд започнавме со превентивни активности како составен дел на редовното полициско работење кое се заснова на партнерство помеѓу полицијата, локалните самоуправи и граѓаните. На влезот во градината беа поделени заштитни маски на посетителите, а нашите пријатели полицајци ни помогнаа и во едукација за придржување кон кодексот на однесување на посетителите кој е пропишан од Скопје Зоо – Да не се хранат и вознемируваат животните, да се носи маска и да се одржува дистанца“, истакнаа во соопштението од Зоолошката градина.