За време на Ковид 19, С.Македонија според податоците најподложна на лажни вести

403 прегледи

Во рангирањето за 2021 година во Индекс на медиумска писменост во рамки на проектот  Иницијативата за европски политики на Институтот отворено општество – Софија., Финска е на 1 место со 78 бода, по што следи Данска на 2. место со 73 бода, Естонија (3-то место со 72 бода), Шведска (4-то место со 72 бода) и Ирска (5-то место со 70 поени). Овие пет земји се со најдобрите показатели меѓу 35 европски земји, вклучени во индексот во рангирање од 1 до 35 (највисока до најниска позиција) на скала од 0 до 100 поени.

На дното на ранг листата се наоѓа Северна Македонија (35. место со 15 бода), Босна и Херцеговина (34. место со 19 поени), Албанија (33. место со 22 поени), Црна Гора (32 место со 26 бода) и Турција (31. место со 28 поени).

Како што наведува авторот, Марин Лесенски, програмски директор на Институтот, овој извештај предлага модел за мерење на претпоставките за медиумска писменост преку низа индикатори кои го илустрираат потенцијалот за одржливост во општествата на феноменот на „поствистина“.

Предложениот модел содржи неколку индикатори кои се однесуваат на различни аспекти на медиумската писменост и поствистината. Главната работа претпоставка е дека нивото на образование, состојбата на медиумите, степенот на доверба во општеството и ширењето на нови форми на учество го илустрираат постоењето и нивото на медиумска писменост.

Во заклучокот од Извештајот се вели дека ваквата состојба на медиумската писменост, влијанието и справувањето со лажните вести укажува на сѐ поголемата потреба од форми на контрола и регулатива . Сепак, постои и загриженост дека и самата борба против инфодемијата, како и кампањата против лажни вести, може да доведе од создавање на алатки на цензура од голем број влади и вклучувајќи ја тука и Европската Унија.

Индексот за медиумска писменост е создаден како алатка за проценка на потенцијалот на отпорот кон ширење лажни вести и „поствистина“ во европското општество. Една од хипотезите е дека квалитетот на образованието е фактор за утврдување на ова одржливост. Неодамнешното истражување за решавање на дезинформациите за Ковид-19, се вели во Извештајот,  покажа дека „зголеменото когнитивно разбирање и научните информации се поврзани со подобро расудување“  помага во отфрлање на  лажните вести за Ковид-19.17 Истражување на теориите на заговор открива дека пообразованите луѓе чувствуваат дека повеќе го контролираат својот живот, и имаат подобри аналитички вештини.

„Подобро и  функционално образование и специјализирана обука за медиумска писменост ќе обезбеди отпорност кон најтешките форми на лажни вести и поствистина. На крајот на краиштата, справувањето со лажните вести и дезинформациите ќе го намалат степенот на политичка и социјална конфронтација, ќе се зголеми нивото на доверба во општествата и ќе придонесе за поздрава животна средина (преносно и буквално) за време на пандемијата со  Ковид-19“, се вели во заклучокот на Извештајот.

Слични содржини