Кинеското Министерство за надворешни работи остро ја критикуваше изјавата на Групата Седум (Г7) за „грубото мешање“ на Пекинг во работите на Хонг Конг, велејќи дека одлуката донесена од највисокиот кинески законодавен дом за подобрување на изборите во Хонг Конг е „легитимна и разумна“, соопшти кинеската медиумска група (ЦМГ).
Изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи Џао Лидилјен е одговор на заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Г7 и високиот претставник на ЕУ во петокот, во која се изразува загриженост за одлуката на Кина за изборниот систем на Хонг Конг.
На редовниот брифинг со новинарите, Џао рече дека одлуката на Кинескиот народен конгрес за подобрување на изборниот систем во Хонг Конг е главната мерка за заштита на целокупните и основните интереси на Хонг Конг и ќе помогне во олеснување на постојаниот и здрав развој на демократијата во Хонг Конг.
„Поминаа 24 години откако Хонг Конг се врати во татковината“, рече Џао, повикувајќи ја Г-7 веднаш да престане да се меша во работите во Хонг Конг во согласност со меѓународното право.
Портпаролот заклучи дека Кина е непоколебливо решена да ги заштити своите суверенитет, безбедносни и развојни интереси, како и долгорочниот просперитет и стабилност на Хонг Конг.