Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја одржи својата прва прес-конференција на 25 март, соопшти вечерва Белата куќа.
Од заклетвата на 20 јануари, Бајден не го презеде тој „потенцијално опасен“ чекор, за разлика од неговите претходници Доналд Трамп и Барак Обама во истиот период од нивниот претседателски мандат.
Неподготвеноста на Бајден да се соочи со прашања на прес-конференции веќе стана предмет на растечка критика.