Тинејџер во затвор за хакирање на Маск, Гејтс, Обама…

од Vladimir Zorba
368 прегледи

Греам Иван Кларк, тинејџер обвинет дека стои зад ланската измама на Твитер, ја призна вината. Тој помина три години во малолетнички затвор затоа што, според законите во Флорида, беше осуден како „млад престапник“, а не како возрасен. Инаку, во тој случај ќе добиеше 10 години затвор.

Кларк беше уапсен во јули 2020 година, кога тој беше уште на 17 години, заедно со уште две лица, неколку недели откако ги хакираше сметките на познати личности на Твитер, вклучувајќи ги Бил Гејтс, Барак Обама, Кание Вест, Илон Маск и други.

Од тие сметки твитаа дека „ќе го удвојат секој биткоин што ќе им биде испратен“, и на тој начин успеале да соберат 117.000 долари, пред сметките да им бидат вратени на нивните сопственици, пренесува Yahoo.

Се покажа дека хакерите користеле многу лукава техника – социјален инженеринг, кој всушност ја стекнал довербата од специфични луѓе кои се вработени на Твитер, а потоа преку нивните сметки стигнале до другите.

Инаку, Кларк веќе беше уапсен во 2019 година за кражба на биткоини од инвеститор во Сиетл, но бидејќи во тоа време имал 17 години, тој бил малолетник и не можел да оди во затвор.

Слични содржини