Британскиот премиер Борис Џонсон во средата откри дека наскоро ќе биде вакциниран и тоа со вакцината на „АстраЗенека“, и покрај загриженоста низ цела Европа во врска со извештаите за случаи на згрутчување на крвта.
Членовите на британскиот парламент го прашаа Џонсон за прекинот на вакцинацијата со „АстраЗенека“ во неколку земји, вклучувајќи ги Германија и Португалија, пренесува Хина.
„Можеби најдоброто што можам да го кажам за програмата за вакцинација со АстраЗенека е дека наскоро ќе ја примам таа вакцина, што ми е мило да ви откријам“, им рече британскиот премиер.
„Сигурно ќе ја добијам вакцината на Оксфорд/АстраЗенека“, додаде Џонсон.