„ТВОЈА“ партија бара од владата да ги објави сите разговори, понуди и договори со сите производители на вакцните.
-Веќе неколку пати со конкретни термини укажувавме намерно или случајно пропуштени рокови во набавката на вакцини, но бевме комплетно игнорирани како од медиумите така и од надлежните органи. Но никој не може да го негира фактот дека вакцини нема и не се знае кога ќе стигнат, што само по себе претставува доказ дека надлежните не ги исполниле обврските во насока на заштита на здравјето на граѓаните за што мора да се утврди конкретна одговорност.
Последните случувања околу набавката на 200.000 вакцини од кинескиот Синофарм, и тоа преку посреднички фирми од Хонг Конг, само уште повеќе ги разгорува сомневањата дека е потребно сериозно преиспитување на постапката за набавка на вакцини. Имено, веќе воопшто не е спорно дека Владата најпрвин се обидела да набави вакцини преку посреднички компании, што во никој случај до сега не е дозволено од ниту еден производител. Сосема е разбирлива реакцијата на кинеските власти кои не ја дозволиле ваквата трансакција, која би можела да го компромитира целиот процес на набавка на вакцини преку драстично зголемување на цената, а исто така постои и сериозна опасност посредниците да продадат фалсификувани вакцини, кои веќе на големо се нудат на црниот пазар. Дури откако биле одбиени за набавка на овој начин, Владата и Министерството за здравство биле принудени да започнат регуларна постапка за набавка по единствениот легален пат и тоа со вклучување на Кинеската амбасада и директен контакт со производителот.
ТВОЈА партија бара Владата да ги објави сите разговори, понуди и договори со сите производители, сé со цел јасно да се утврди кој е директниот виновник за неуспехот за набавка на вакцини. Ова од причина што со ваквото однесување директно е згрозено здравјето на граѓаните, а плаќањето се врши со пари на граѓаните кои едвај ја преживуваат здравствената и економската криза, велат од партијата.