Германија се соочува со „многу јасно експоненцијално зголемување“ на инфекцијата со коронавирус, особено поврзана со ширењето на британската варијанта, предупреди службеник на Германскиот институт за јавно здравје „Роберт Кох“.
„Сосема е можно за Велигден да имаме ситуација слична на онаа што ја имавме пред Божиќ, со многу голем број случаи“, рече заменик-претседателот на Институтот, Ларс Шаде, на прес-конференцијата.
Тој предупреди дека е можно да има „сериозни случаи на инфекција и смрт, и болниците да бидат преоптоварени“.