Познати актери, спортисти и пејачи „на линија“ со Беливук: „Јавноста ќе биде шокирана“

од Vladimir Zorba
418 прегледи

Политичари од владата и опозицијата биле во контакт со уапсениот водач на криминалниот клан на Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, кои му овозможиле да го направи она што го направи и му го чуваа грбот, вели Светозар Вујачиќ, советник на министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

Вујачиќ рече дека некои актери, спортисти и пејачи контактирале со нарачателот на бруталните убиства и дека јавноста буквално ќе биде шокирана кога ќе се дознаат нивните нивните имиња.

„Криминалната група на Беливук имаше свои луѓе во обвинителството, судот и државните органи и меѓу политичарите, од кои некои беа на високи позиции во државата. Без таа поддршка, тој немаше да биде во можност да го стори она што го стори“, рече Вујачиќ.

Засега, сепак, тој не можеше да го открие идентитетот на никого од списокот на познати личности затоа што, како што вели, се води истрага за нивните контакти и се собираат податоци со цел виновниците да бидат повикани на одговорност.

„Овие документи се чуваат како строго доверливи, и во оваа фаза, именувањето на кој било од пријателите на Беливук би наштетило на истражната постапка“, посочува Вујачиќ.

Слични содржини