Николовски: Ја градиме СДСМ во европска партија со конкретна визија за иднината

од Vladimir Zorba
211 прегледи

СДСМ утре ги спроведува првите внатрепартиски избори за избор на претседател на партијата. Единствен кандидат е актуелниот претседател на партијата, Зоран Заев.

Централната изборна комисија, 80 општински Изборни Комисии, 237 Избирачки одбори низ државата се подготвени да ги реализираат изборите. Со новите електронски картички, активно регистрирани 69.000 членови ќе го изберат новиот претседател на партијата.

„Изборите ќе бидат безбедни за здравјето, со строго почитивање на сите мерки протоколи. Ве повикувам, в недела, сите регистрирани гласачи да го искористите правото на глас и дадете придонес во демократизацијата и напредокот на нашата партија! Се менуваме, ја градиме СДСМ во силна, динамична и европска партија со конкретна визија за иднината, препознаена од граѓаните! “, сподели генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Слични содржини