НАТО ги отфрла заканите на Русија кон БиХ

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

НАТО ги отфрли заканите упатени од Русија кон Босна и Херцеговина доколку балканската земја продолжи да се движи кон членство во најголемиот западен воен сојуз.

Коментирајќи за „Ал Џезира“, портпаролката на НАТО Оана Лунгеску во петокот рече дека секоја земја има суверено право да избере сопствен безбедносен аранжман.

„Дали земјите ќе одлучат да соработуваат со НАТО – или преку партнерство или како полноправна членка на Алијансата – зависи од секој поединечен апликант и 30 сојузници“, рече Лунгеску.

Таа додаде дека ниту една трета страна нема право да интервенира или да стави вето на таквата постапка.

„Сите закани во овој поглед се неприфатливи. Времето на влијание помина “, рече таа.

Таа додаде дека НАТО и Босна и Херцеговина имаат долгорочна и заемно корисна соработка, истакнувајќи дека соработката со НАТО не прејудицира за какво било потенцијално членство на Босна и Херцеговина во НАТО.

„Ние целосно ги почитуваме суверенитетот и независноста на земјата и го поздравуваме континуираниот придонес на Босна и Херцеговина кон нашата евро-атлантска безбедност.

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина во петокот исто така ги отфрли предупредувањата на Русија дека евентуалниот пристап на БиХ во НАТО ќе биде акт што Москва ќе го смета за непријателски и ќе има соодветни последици.

Во специјалното соопштение, министерот за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, истакна дека дипломатијата на БиХ може да каже дека имало „загрижувачка промена во официјалната политика на руските власти кон Босна и Херцеговина“.

Таа потсети дека досега официјалниот став на Руската Федерација беше почитување на независните одлуки на властите на БиХ кога станува збор за НАТО, а сега руските власти покажуваат отворена намера да го ограничат суверенитетот на Босна и Херцеговина, спротивно на меѓународните закони.