302
Едномесечно затворање стапи на сила во Париз и другите француски региони во саботата, бидејќи земјата се обидува да го потисне третиот бран на инфекции со коронавирусот.
Приближно секој трет жител на 67 милиони луѓе во Франција е погоден од построги мерки. Но, ова затворање ќе биде поблаго од претходните затворања, пренесува Хина, повикувајќи се на ДПА.
Во 16 административни региони, сите дуќани кои не се потребни престануваат да работат, но книжарниците и продавниците за музички инструменти можат да продолжат да работат.
Учениците можат да одат на училиште. На луѓето им е дозволено да се движат, но само во радиус од 10 километри од местото на живеење.