Германија на чекор од нова блокада, бројот на заразени расте

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Германија повторно се приближува до критичната граница од 100 случаи на 100.000 жители во период од седум дена, пренесе ДПА.

Доколку оваа граница е надмината, тогаш се воведуваат строги мерки за блокада.

Институтот „Роберт Кох“ објави дека седумдневната инциденца утрово била 99,9 низ целата земја. Претходниот максимум беше постигнат на 22 декември со 197,6.

Бројот на заразени лица во Германија постојано расте во последните неколку недели.

Во последните 24 часа, инфекцијата е потврдена кај 16.033 лица, додека 207 починале. Бројот на нови инфекции е значително поголем од претходната сабота.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера објави дека Германија не смее да се двоуми и мора да воведе итни мерки и блокада доколку е потребно.

Од почетокот на пандемијата во Германија, 2.645.783 лица се заразени, додека 74.565 починале, според ДПА.