Обвинител во Палермо денес го обвини лидерот на десничарската партија „Лига“, Матео Салвини за киднапирање, откако во 2019 година, како министер за внатрешни работи, спречи над 100 мигранти да влезат на италијанско тло.
Бегалците останаа заробени на море сè додека обвинителот не нареди заплена на бродот и евакуација на луѓето што се наоѓаат во него.
Салвини рече дека е „горд што работел на заштита на земјата, почитување на законот, разбудување на Европа и спасување животи“.
„Ако тоа треба да ми создаде проблеми и страдања, јас со задоволство го прифаќам тоа“, рече Салвини.
Додека беше министер за внатрешни работи 14 месеци, Салвини спречи неколку бродови да се закотват во Италија, со цел да спречи пристигнување мигранти.
Салвини обвини хуманитарни организации вклучени во помагање на бегалците за поттикнување трговија со луѓе.
Доколку биде осуден, на Салвини му се заканува казна затвор од 15 години, пренесе Ројтерс.