Богојеск: ВМРО-ДПМНЕ денеска е црвосано јаболко

од Берта Китинска
296 прегледи

Петар Богојески од Македонски концепт, во гостувањето во „Студио 10“ го искоментира одложувањето на вонредниот конгрес за смена на Мицкоски кој беше предложен од иницијативниот одбор и требаше да се одржи на 28 март.

-Многу едноставно е брате промена на еден човек, а што нудете за возврат стани од „ фотелјата да седма јас“, ако таа иницијатива беше сериозна ќе понудија платформа различна од политиките на Мицкоски . Без платформа без визија за поинакво ВМРО, оваа инцијатива е во рамките на калкулациите на мермерната плата како Мицкоски да остане што подолго на лидерската позција. Мицкоски е кадар на Сашо Мијалков, и тој не може да предводи акција за смена на своето дете. Мијалков се обиде само да го спаси Мицкоски од катастрофалниот пораз од изборите. За да се случи промена во партијата стратезите како Протуѓер исфрлија некаква иницијатива на Мијалков и ја киднапира иницијативата за промена на Мицкоски. Оваа ситуација не ја знаат сите во таа иницијатива. Голем дел од нив поверуваа дека навистина ќе има промени. Светото тројство на ВМРО, Мијалков, Груевски и Протуѓер соврешно си функционира, тука никој не мора да гаи илузии за некаква приказна за некакви кавги. Мицкоски е времен извршен директор на таа пратија кој треба да ја чува партијата под контрола за да ја пазарат за сите обвиненија. Груевски му го остави јаболкото на Мицкоски, но тој го скапа. ВМРО-ДПМНЕ денеска е црвосано јаболко, вели Богојески.

Слични содржини