232
Министрите за надворешни работи на ЕУ денес формално го одобрија воведувањето санкции против кинеските официјални лица поради кршење на човековите права, изјави дипломатски извор од ЕУ.
Ова се првите санкции против Пекинг од воведувањето на ембаргото за испорака на оружје по смртоносната акција на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.
Министрите одобрија воведување забрана за патување и замрзнување на имотот против четири лица од Кина, чии имиња ќе бидат објавени во текот на денот.
Тие се обвинети за кршење на правата на малцинската муслиманска заедница Ујгури во кинеската провинција Синџијанг.
Пратениците во Европскиот парламент се согласија на воведувањето на овие мерки минатата недела.