Цената на највредната криптовалута во светот, биткоинот, може да скокне до 300.000 долари на сегашниот биков пазар, а на основа на историски обрасци – вели Боби Ли, ко-основач и поранешен извршен директор на крипто-берзата „BTCC“.
Тој за CNBC изјави дека балонот ќе пукне откако ќе го достигне својот врв и дека крипто-средството може да опаѓа со години. „Циклусите на биковиот пазар на биткоин доаѓаат на секои четири години и ова е големо“, рече Ли, додавајќи: „Мислам дека ова лето навистина може да надмине 100.000 долари”.
Ли објасни дека два од овие „мега циклуси на биковиот пазар“ се случиле во текот на последните осум години, од кои последниот беше во 2017 година, кога цената на биткоинот се искачи на скоро 20.000 долари до крајот на годината.
Сепак, „ладењето на биткоин“, кое може да трае со години, може значително да ја погоди дигиталната валута. Толку многу што биткоинот да падне доста, кога ќе пукне балонот. Во крипто-индустријата, ова се нарекува „bitcoin winter“ и трае од две до три години
Претприемачот Ли, исто така, ги предупреди инвеститорите да бидат свесни дека вредноста на биткоинот може да падне за дури 80% до 90%. „Многу е нестабилен, но мислам дека наградите се прилагодени на ризикот“, вели тој.
Најпопуларната криптовалута влезе во 2021 година со вредност од околу 30.000 долари, достигнувајќи повеќе рекордни нивоа од тогаш. Тој ја надмина границата од 60.000 американски долари претходно во март, а сега вреди 57.395 долари.