Шефот на ФЕД: Криптовалутите се замена за златото, а не за доларот

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, рече дека криптовалутите остануваат нестабилни чувари на средства и дека централната банка не брза да воведе конкуренти.

„Тие се многу непостојани и затоа не се навистина корисни залихи на вредност и ништо не ги поддржува“, рече Пауел за време на дискусијата на виртуелен панел за дигиталното банкарство организирана од Банката за меѓународни порамнувања.

„Тоа е повеќе шпекулативно средство кое во основа е замена за златото, а не за доларот“, истакна Пауел.

Тој зборуваше на денот кога биткоинот доживеа корекција, но сепак се движеше близу 57.000 американски долари по парче. Криптовалутата нагло се зголеми во текот на изминатите седум месеци во услови на наплив на трговска активност и растечко прифаќање во финансиската индустрија.

Во последните неколку години, ФЕД работеше на сопствен систем на плаќање што овозможува побрзи трансфери на пари, а откривањето на крајниот производ најверојатно ќе се случи во следните две години.

Слични содржини