480
На прашање на новинарите, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го коментираше случајот со силувањето на актерката Данијела Штајнфелд, што ја потресе српската јавност.
Таа го обвини актерот и политичар Бранислав Лечиќ за сексуално вознемирување.
– Јас не сум ниту обвинител ниту судија. Нема посериозно кривично дело од силување. Не би рекол ништо и воопшто сум згрозен да зборувам за тоа и таквите луѓе ми се одвратни – рече Вучиќ, не сакајќи да коментира на оваа тема понатаму.