„Ние организиравме предвремени парламентарни избори, со цел системот и институциите да се справат со сите предизвици, во што не успеаа. Ниту пандемијата, ниту пописот, ниту парламентот функционира како што треба. Власта продолжува да се однесува како да има 90 пратеници и не се прифаќаат амандмани од опозицијата, но исто така продолжува и со политичкиот прогон. Секој обид за манипулации нема да и дадат резултат на Македонија. Очигледно е дека на земјата и треба ново владеење“, истакна Илија Димовски во своето гостување во „Само Вистина“.
Што се однесува до пописот, Димовски вели апсурдно и дрско е Власта да им се заканува на своите граѓани со прекршочни и кривични пријави.
„Се чудам на рафрлањето на Владата и директорите со закани за прекршочни и кривични пријави за неучество во пописот. Има членови во Уставот кои им гарантираат на граѓаните да си ги остварат своите права за заштита на сопственото, но и здравјето на другите. Не можете да им замерите на граѓаните кои една година се лишиле од крштевки, погреби, свадби и секакви собири. Во ден кога имаме 16.600 активни случаи на Ковид 19, ние доаѓаме до бројка од 66.000 луѓе кои треба да се изолираат и да се заштитат“, посочи Димовски.