Фајзер започнува тестови на вакцини врз деца под 12-годишна возраст

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Американската компанија Фајзер објави дека таа и нејзиниот партнер Бајонтек започнале со тестирање на вакцината против КОВИД-19 кај деца под 12-годишна возраст и дека се надеваат дека ќе ја прошират имунизацијата до таа возраст до почетокот на 2022 година.

Портпаролката на Фајзер, Шерон Кастиљо, потврди дека на волонтерите во средата им е дадена првата доза на вакцина во раната фаза на испитувањето, пренесе Ројтерс.

Агенцијата наведува дека Фајзер и Бајонтек планираат првично да ја тестираат безбедноста на нивната вакцина во три различни јачини, од 10, 20 и 30 микрограми за време на испитувањето во фаза I / II со 144 учесници.

Компаниите планираат подоцна да ги прошират испитувањата со 4.500 учесници за да ја тестираат безбедноста, подносливоста и имунолошкиот одговор генериран од вакцината, веројатно со мерење на нивото на антитела кај млади лица.

Ројтерс пренесе дека Кастиљо соопштила дека Фајзер се надева дека ќе има податоци од овој тест во втората половина на 2021 година, а Фајзер веќе ја тестирал вакцината на деца на возраст од 12 до 15 години, а компанијата очекува да ги има тие резултати во наредните недели

Вакцината Фајзер / Бајонтек беше одобрена од американските регулатори кон крајот на декември за лица постари од 16 години, а скоро 66 милиони дози на вакцина беа дадени во Соединетите Држави според вчерашните податоци од Центрите за контрола и превенција на болести, според агенцијата.

Слични содржини