Мицкоски: Не отворам врата ако попишувачите не се имунизирани

од Nikola Popovski
382 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе повика граѓаните да си го заштитат здравјето во однос на пописот.

„Ако граѓаните се чувствуваат небезбедни да не отвораат врата. Чиста глупост се дека тие што нема да отворат врата ќе добијат кривични пријави, тоа ништо не важи и народот не треба да се плаши“, изјави Мицкоски за емисијата „Што не е јасно“.

Тој повтори дека за да дојде некој кај него дома и за да му отвори врата за да се попише, мора тој да биде имунолошки подготвен.

„Ако пописот почнува на 1-ви април, тогаш тој нема да биде имунолошки подготвен. И јас вратата нема да ја отворам и не само јас, туку и стотици наши граѓани. Тогаш ние нема да добиеме правилни податоци од овој попис. Тогаш зошто трошиме пари“,  посочи Мицкоски.

Денес заменик-помошникот државен секретар во САД, Метју Палмер во разговор со Мицкоски, му соопштил дека очекува партијата да помогне во спроведување на пописот, објави американската амбасада.

Во однос на казните во случај на одбивање да се учествува во пописот, како и за повиците за бојкот, директорот на ДЗС, Апосол Симовски потенцира дека целта не е да се казнува, туку да се соберат податоци што ќе им служат на сите граѓани.

„Но, законите се јасни и надлежните институции, доколку е потребно, ќе постапат во согласност со тоа што е утврдено со законот“, вели Симовски.

Слични содржини