Белата куќа потврди дека претседателот на Соединетите држави, Џо Бајден, го поканил рускиот претседател Владимир Путин да учествува меѓу 40-те светски лидери на климатскиот самит на 22 и 23 април. Американскиот претседател изјави дека сè уште не разговарал со Путин, ниту со лидерот на Кина за самитот, но дека тие знаеле дека биле поканети.
„Сè уште не, тие знаат дека се поканети, но сè уште не разговарав со никој од нив“, изјави Бајден пред новинарите.
Претходно, американската агенција АП, повикувајќи се на неименувани официјални лица, објави дека американскиот претседател ги поканил Владимир Путин и Си Џинпинг на преговори за климата.
Според списокот на Белата куќа, на самитот се поканети и премиерот на Велика Британија, лидерите на Индија, Турција, Јапонија и други.
Средбата ќе биде во онлајн формат.