Совет на амбасадори: Со заминувањето на Хаџиманов останува празнина во ризницата на македонската култура

од Vladimir Zorba
433 прегледи

Советот на амбасадори со голема тага ја прими веста за смртта на Зафир Хаџиманов кој беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика. Блескаше на естрадите со препознатливиот стил и талент, каде и да се појавеше, во Македонија, Србија, Хрватска, секаде низ регионот и пошироко.

Советот на амбасадори со гордост го познаваше и како културен амбасадор на нашата земја и го почитуваше како сјаен претставник на македонската култура, кој што ги промовираше нашите културни вредности особено и преку неговите квалитети како писател кој твореше и размислуваше на два јазика ,на мајчниот македонски и на неговиот извонреден српски јазик.

Советот го дава сеопштото мислење дека со неговото заминување од културната и естрадната сцена, останува празнина во ризницата на македонската култура, како и во нашите срца!, соопштија од Извршниот одбор на Советот на амбасдори.