Алармантно предупредување од лекари за Ковид 19: Почувствуван пораст на болните на одделие за интензивна нега

194 прегледи

Франција има најголем број на  ковид 19 случаи на единици на интензивна нега од второто заклучување на земјата во ноември.

Бројот на луѓе во болниците се зголеми за над 600 за еден ден, што е најголем скок за повеќе од четири месеци.

Министерството за здравство денес објави дека бројот на пациенти на интензивна нега со Ковид 19 се зголемил за 102 на вкупно 4.974, што е повеќе отколку во средината на ноември кога имаше 4.919, иако сè уште е далеку под рекордот од над 7.000 минатата Април.

Бројот на луѓе во болниците со вирус корона се искачи за 610 на ново највисоко ниво во 2021 година од 28.322 лица, а лекарите предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши во следните недели.

Франција, исто така, објави 360 нови смртни случаи од коронавирус во болници, со што вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 достигна скоро 95 000 од епидемијата.

Група од 41 болнички лекари во регионот на Париз, во писмото објавено во неделата во француските медиуми предупреди дека можеби наскоро ќе треба да започнат да избираат помеѓу пациентите за итно лекување, односно да извршат т.н. тријажа.

Слични содржини