„Најк“ поднесе тужба за „патиките од пеколот“: Не деградира само крвта, туку и цената?!

402 прегледи

„Ер Макс 97“ генерално чини помеѓу 150 и 200 американски долари, додека истиот модел, кој „го редизајнираше“ раперот Лил Нас Х, се продава за дури 1.018 долари.

Раперот Лил Нас Х лансираше колекција „сатански патики“ од 666 пара, во соработка со уметничкиот колектив „MSCHF“, а бидејќи на нив има дури и капка човечка крв, тие предизвикаа бура на мрежите.

Она што е исто така спорно е фактот дека раперот го „редизајнираше“ моделот на Најк „Ер Макс 97“. Иако американскиот производител на спортска опрема се огради од оваа колекција, велејќи дека нема никаква врска со тоа, тоа – се чини – не беше доволно. Следеше судска постапка.

Најк го тужеше „MSCHF“ пред американскиот окружен суд, по следниве основи: за повреда на правата на трговска марка (марки), лажно обележување на потекло / повреда на законот за нелојална конкуренција, нарушување на вредноста на трговската марка. Брендот Најк, патем, има една од најпознатите и најпрепознатливи трговски марки во светот.

Контроверзните црно-црвени патики беа прикажани заедно со најновиот сингл и музичко видео на американскиот рапер (22). Патем, според bleacherreport.com, сите 666 пара патики се распродадени за помалку од една минута.

Она што е исто така контроверзно, освен дизајнот на патиките, е цената. Имено, „Air Max 97“ генерално чини помеѓу 150 и 200 долари, додека истиот модел, кој „го редизајнираше“ раперот Лил Нас Х, се продава за цели 1.018 долари.

Патиките се нарекуваат „Сатански чевли“, а тие беа особено осудени од христијаните во САД. Иако „Најк“ не е вклучена во овој проект, на мрежите веќе кружат разни пораки и гифови – за сметка на овие патики, а сето тоа сигурно го деградира самиот бренд.

Многумина сметаат дека овој потег на младиот рапер е израз на бунт и гнев кон христијанската заедница, бидејќи, како што рече, наиде на дискриминација кога во јуни 2019 година јавно призна дека е хомосексуалец, односно член на ЛГБТ заедницата.

Слични содржини