Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Промената на имињата на улиците е противзаконска

од Берта Китинска
305 прегледи

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го обвини градоначалникот Петре Шилегов дека направил противзаконска промена на имињата на улиците.

Согласно Законот за именување на улици, мостови и инфраструктурни проекти ваква промена не е можна шест месеци пред оддржување на избори и една година пред оддржување на попис. Со ова Шилегов брутално го прегази законот. Воедно ја наруши и процедурата на носење на измените, ниту пак е дадена согласност од општините која е неопходна согласно законот, информираат од советничката група.

Оттаму најави дека ќе поднесе иницијатива по судски пат да биде укината оваа, како што велат, противправна одлука на Шилегов.

-Воедно оваа одлука на Шилегов значи и минимум 100 евра нова давачка на компаниите чие име на адреса се менува согласно новите одлуки на Советот. Со тоа Шилегов во едни тешки услови на здравствена и економска криза наметнува нови давачки и арач за грѓаните. Ова е недозволиво насилие кое нема да помине, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Слични содржини