За првпат во јавноста оваа година се појави кралицата Елизабета II

334 прегледи

Британската кралица Елизабета Втора се појави во јавноста денес за прв пат оваа година, два дена по олеснувањето на строгите мерки за заклучување воведени поради Ковид 19 во Велика Британија.

Британската кралица (94) ги извршуваше своите службени должности преку видео врска откако беше воведена блокадата на почетокот на годината, но денес таа го посети спомен обележјето на воздухопловните сили во Ранимед по повод 100-годишнината од кралската Австралиското воено воздухопловство, објави Ројтерс.

Ранимед се наоѓа во близина на замокот Виндзор, западно од Лондон, каде што живее кралицата со нејзиниот 99-годишен сопруг принцот Филип.

„Помина долго време откако не сум тука“, рече кралицата Елизабета Втора од Велика Британија, која е и кралица на Австралија.

Последен пат британската кралица се појави во јавноста во декември во Виндзор, кога им се заблагодари на локалните волонтери и клучните работници.

Од избувнувањето на пандемијата во март минатата година, таа ретко го напушти замокот во Виндзор.

Слични содржини