ЈСП: Студентите од денес треба да имаат продолжен билет за 2021

од Andreja Salpe
349 прегледи

Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека од денес сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година. Во спротивно, во случај на контрола, ќе им биде пишана казна.

Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично, посочуваат од претпријатието.Денеска истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет.

„ЈСП Скопје заради актуелната ситуација со Ковид 19 излезе во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможи речиси 5 месеци за продолжување на билетот“, велат од претпријатието.

Досега во два наврати рокот беше продолжен, наместо до 31 декември, тој се продолжи првично до 28 февруари, а потоа до 31 март.

Слични содржини