Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека минималната плата треба да се зголеми најмалку 60 проценти од просечната.
– Апсурдно е да се зборува за зголемување од 200 денари на минималната плата во период на пандемија кога работникот е осиромашен.Синдикатите вчера беа експлицитно против таквата одлука. Во најмала рака тоа е смешно и затоа бараме минималната плата да биде најмалку 60 проценти од просечната плата, изјави денеска на прес-конференција претседателот на КСС, Благоја Ралповски.
Според КСС, вредноста на Бруто домашниот производ, кој е еден од параметрите за пресметување на минималната плата, треба да се земе како износ нула бидејќи повеќе од 100.000 работници се приматели на минимална плата, а речиси 40 проценти се вработени во јавната администрација.