Капетанот им откривал тајни на Русите поради финансиски проблеми

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Капетанот на италијанската морнарица Валтер Биот беше фатен наводно како предава тајни документи на руски воен аташе во замена за пари.

Неговата сопруга Клаудија Карбонара за весникот „Кориере дела сера“ изјави дека тој имал финансиски проблеми и дека се обидува да ги обезбеди своите четири деца.

54-годишниот Биот е уапсен во вторникот на паркинг во Рим, откако бил виден како добил 5.000 евра од руски службеник за информации на УСБ, изјави полициски извор, објави „Ројтерс“.

Италија, која традиционално има подобри односи со Москва од многу западни земји, веднаш протера двајца руски дипломати и ја осуди наводната шпионажа како чин на непријателство. Руското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека жали за протерувањето, но дека нема да ги загрози билатералните односи.

Во интервју за италијанскиот дневен весник „Кориере дела Сера“, неговата сопруга навела дека не знае дали нејзиниот сопруг има адвокат, но исто така и дека не знае ништо за тоа што се случило. Сепак, тврди дека Биот не предал ништо компромитирачко, туку само „минимумот кој можел да го обезбеди“.

„Тој не е ниту глупав, ниту неодговорен. Само беше очаен“, рече Клаудија.

Карбонара, кој по професија е физиотерапевт, исто така рече дека нивното големо семејство било во финансиски тешкотии и не можело да се снајде со неговата плата од 3.000 евра месечно, додека само трошоците за хипотека биле 1.200 евра месечно.

Слични содржини