Иран започна со збогатување на ураниумот со четвртата каскада или кластер на напредни машини, центрифуги ИР-2м од новата генерација, во својата подземна централа Натанц, се дознава во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) во четвртокот.
Тоа е продолжение на кршењето на меѓународниот нуклеарен договор потпишан во 2015 година со светските сили и последен во низата потези со кои Иран се обидува да изврши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден во војната меѓу двете страни која прва ќе направи отстапки за да се спаси договорот, наведе „Ројтерс“.
Иран започна да го крши договорот од 2019 година како одговор на повлекувањето на САД од меѓународниот договор и повторно воведување санкции за режимот во Техеран.
Според договорот, Иран може да прочистува ураниумот само во погонот за збогатување на гориво Натанц (FEP), користејќи центрифуги IR-1 од првата генерација. Минатата година, Иран започна да додава напредни центрифуги кои можат да збогатат ураниум многу побрзо отколку IR-1.
Иран пријавил до ИАЕА дека има намера да користи шест кластери IR-2m машини во Натанц за прочистување на ураниумот до пет процентна физичка чистота.
Во извештајот се вели дека се инсталирани два кластера, но сè уште не се збогатени со ураниум. Инсталирањето на втората каскада на машини IR-4 сè уште не е започнато, се додава во извештајот.
Според извештајот на ИАЕА, „Иран користи 5,060 IR-1 центрифуги инсталирани во 30 каскади, 696 IR-2m центрифуги инсталирани во четири каскади и 174 IR-4 центрифуги во една каскада за збогатување на природен UF6-ураниум хексафлуорид, до пет проценти на физички У- 235 во Натанц“.