Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, го коментираше спомнувањето на терминот „македонско малцинство“ во извештајот на Стејт Департментот. Пред БНТ, Каракачанов изјави дека на некои од авторите им биле дадени многу искривени информации, дека не научиле лекции од историјата и дека не ги читале репортажите на своите колеги од 40-50-тите години од минатиот век.
„Луѓето кои го напишале извештај во делот за македонското малцинство или не ги научиле лекциите по историја или не ги прочитале извештаите на своите постари колеги. Препорачувам на оние од Стејт Департментот, кои го напишале извештајот, да го прочитаат истиот извештај од нивните колеги во 40-50-тите години од минатиот век, кои пишуваат многу јасно какво е населението во денешна Македонија. Зборуваат за Бугари. И тоа се извештаи од ЦИА и нивниот Стејт Департмент. Тие пишуваат за Бугари кои гледаат кон Бугарија и не сакаат да живеат во Југославија, вели Каракачанов.
Каракачанов уште еднаш истакна дека Бугарија не може да признае „малцинство на нација, изградена во Москва“, откако ја повтори тезата дека македонскиот народ е „измислен“ под притосок на СССР.
„Во еден момент во 21 век, почнуваме да зборуваме за нешто друго. Кое македонско малцинство треба да го признае Бугарија? Создадено во Москва? Нешто не ми изгледа логично“, вели Каракачанов.