Весник „Илинден“: На виделина вистината за измислените Бугари во Албанија

301 прегледи

Денес во рамки на единствениот весник во Албанија на македонски јазик, „Илинден“, осамна наслов „Ексклузивно- Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“.

Во рамки на објаснувањето стои дека на 4. април 2021. година се гласа за избор на народни претставници за бугарското Собрание. Отааму, согласно член 31, ал. 1 во врска со член 32 од Изборниот законик на Бугарија, бугарските државјани кои живеат надвор од Бугарија имаат обврска да се пријават за гласање во акредитираните центри за гласање.

Се додава дека таквата обврска ја имаат искористено и лицата кои изразиле желба да гласаат во бугарската амбасада во Република Албанија.

Според весникот, врз основа на јавно објавениот список на лица кои изразиле желба да гласаат на изборите за народни претставници во амбасадата во Тирана се запишани 15 лица, поголем дел од нив вработени во бугарската амбасада.

-Така што, станува нејасно каде се оние илјадници Бугари во Албанија за кои говорат официјалните бугарски политички кругови. Познато е дека со години бугарските емисари се обидуваат да ги убедат Македонците во

Албанија дека треба да се пишуваат и изјавнуваат како Бугари. Но, нека им стане јасно дека Бугари во Албанија не постојат или се во минорен број, а за интересот за гласање на „Бугарите“ во Албанија најдобро говори јавно објавениот список, констатира весникот.

Од друга страна, посочува, согласно овој список, јасно е дека со невидени уцени и притисоци од страна на Република Бугарија, како членка на Европската Унија, врз албанските политички елити во 2017 година во Албанија беше промовирано непостоечко бугарско малцинство.

-Списокот кој јавно го објавува бугарската амбасада во Тирана, покренува неколку прашања и тоа до кога Европската Унија, која се декларира како демократска заедница на рамноправни народи ќе ги толерира уценувачките политики на бугарската држава кон Македонците во Албанија и албанските власти? До кога европските институции ќе одобруваат средства за подобрување на животот на Македонците во Албанија, а кои бугарската држава ќе ги претставува како нејзин влог во подобрување на стандардот и општиот благодат на Македонците во Албанија? До кога Европската Унија ќе го толерира бугарското мешање во односите меѓу македонската и албанската држава?, се прашува авторот на текстот.

На крајот од написот се констатира дека само едно читање на списокот покажува колку и кои лица се чувствуваат како Бугари во Албанија, а тоа е одличен показател за тоа дали

Бугарите во Албанија се малцинство или ги има во занемарлива бројка.

Слични содржини