ВМРО-ДПМНЕ кон Царовска: Дуалното образование е наш проект

од Vladimir Zorba
163 прегледи

„Ја потсетуваме Мила Царовска дека проектот дуално образование е проект на ВМРО-ДПМНЕ и ѝ обрнуваме внимение дека со нејзината кампања “Учи паметно, работи стручно“ всушност го промовира нашиот проект од што сме задоволни, но и се краси со туѓи пердуви што е срамно и неетички. Ќе беше доблесно да каже дека продолжува да промовира проект кој го наследила од претходната власт. Во учебната 2020/2021 стручните паралелки се зголемуваат, но на сметка на гимназиското образование, што би било добро доколку претходно е направена анализа за потребите на општините и јавно и транспарентно објавена и доколку се направани консултации со учениците и родителите“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Царовска за РСЕ.

„На Македонија и е потребен специјализиран стручен кадар и сметаме дека е добро што проектот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува.

Би било добро, по урнек на овој проект Мила Царовска да ги послуша препораките на стручната јавност и ВМРО-ДПМНЕ и во врска со реформата во образование и наместо реакциите да ги сфаќа како комплимент, да поразмисли сериозно и да ги прифати барањата на високо стручниот и компетентен кадар, со цел да обезбеди барем минимален успех во образованието. Наставни програми сѐ уште нема, нема ни најава за нови учебници, од кои бројни повлече, дел оправдано, но дел само за да им удоволи на други, за нивни лични или партиски интереси. Обуки за наставниците нема и не може да има затоа што ни програми по кои ќе работат нема.

Наставата воопшто не се одвива како што таа претставува. Наставниците се соочуваат со сериозни проблеми. Ромската популација во најголем дел во многу општини воопшто не ја посетува наставата. Бројни ученици се приклучуваат на часовите, но не следат настава. Дополнително не е точно дека наставниците на трпат притисок од директорите, напротив, не само што трпат притисок, туку трпат и мобинг и тоа најчесто поради различна партиска припадност. Присутна е дискриминација и по други основи и најстрашно е што нејзините послушници директори во најголем број ги фингираат извештаите за успешноста на настават. Дел од нив објаснуваат дека тоа е така за да си го зачуваат местото, а дел затоа што се плашат од последици.

Поради сѐ погоре кажано бараме од министерката да ги преиспита и сериозно анализира резултатите од досегашното поучување и учење и да поразмисли за етичкиот момент на нејзините изјави, за дроновите на нејзиниот партнер, но и за губитокот кој го трпат сите чинители во образованието, најмногу учениците за кои таа тврди дека води грижа и кои се нашата иднина. Ова што во моментот се случува со онлајн наставата вистински претставува само негрижа“, се додава во реакцијата.

Слични содржини