Суецкиот повторно блокиран, уште еден брод се насука (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
445 прегледи

Суецкиот канал беше накратко повторно блокиран откако во него се насука друг брод. Блокадата траеше кратко и беше отстранета по половина час.

Нов инцидент се случи во јужниот дел на Суецкиот канал и речиси целосно го блокираше сообраќајот, велат извори на Спутник.

Снимките од специјализираната страница „Марин Трафик“ покажуваат дека неколку бродови учествувале во блокадата на сообраќајот.

Влекачот „Мосад 3“ дојде на помош на бродот „Минерва Ника“, цистерна со сурова нафта што пловеше под грчко знаме. Друг танкер „Рамфорд“ можеше да се забележи како стои северно од „Минерва“ и пријави проблем со моторот.

Неодамна Суецкиот канал беше блокиран со денови, бидејќи се насука огромен товарен брод „Евер Гивен“. Блокадата на каналот, низ кој минуваат голем број бродови, траеше шест дена и предизвика штета што беше измерена во стотици милиони долари на час.

Слични содржини