Бајден: Досега дадовме 150 милиони дози вакцини

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека во текот на првите 75 дена од неговиот мандат, на Американците им биле дадени 150 милиони дози вакцини против Ковид-19, објави Си-Ен-Ен.

Бајден додаде дека до 100-тиот ден од неговиот мандат очекува дека Американците ќе добијат 200 милиони дози.

– Ние мора да продолжиме да се движиме со силно темпо. Ако можеме да ја зголемиме таа бројка, тоа би било одлично. Ние знаеме што треба да сториме. Ние мора да ја вклучиме целата влада, да ја добиеме војната со овој вирус, рече Бајден.

Додаде дека во просек се даваат три милиони дози дневно, и повеќе од 20 милиони неделно.

– Дадовме повеќе од четири милиони дози само во неделата. Ние сме првата земја во светот што дала повеќе од 150 милиони дози, а исто така сме и први според бројот на ревакцинирани, имаме 62 милиони од нив, нагласи претседателот на САД.