Албанската Влада ја испрати својата Армија на аеродромот во Тирана (ВИДЕО)

441 прегледи

Синоќа албанската влада ги испрати армијата и полицијата да ги отстранат контролорите на летот, кои штрајкуваат, од кулата за контрола на летање на меѓународниот аеродром во Тирана.

Никој не беше повреден или уапсен по тој повод, објави АП, додавајќи дека засега не е јасно како ќе се одвиваат летовите, бидејќи цивилните контролори на летови не се заменети со воени, пренесе Танјуг.

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеси објави видео на Фејсбук на кое се гледаат возила на воената полиција пред зградата на контролната кула, пренесува АП.

„Аеродромот е стратешки објект од особено значење за националната безбедност“, рече Пелеси.

Албанскиот премиер Еди Рама претходно се закани со правна постапка против учесниците во штрајкот, кои организираа 24-часовна прошетка за да извршат притисок за зголемување на нивните плати.

Рама се закани дека ќе отпушти контролори на летови, кои одбиваат да се вратат на работа во четврток, по завршувањето на штрајкот.

Слични содржини