Милошоски: Поради аферата „Мафија“ се ризикува безвизниот режим да биде ограничен или суспендиран

304 прегледи

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски посочи дека случајот „Мафија“ може да создаде сериозни проблеми во однос на безвизниот режим кон членките на ЕУ.

„Настрана од внатрешните политички импликации случајот „Мафија“, со издадени 215 македонски пасоши со лажен идентитет на меѓународни нарко – швецвери, на МК може да и создаде сериозни проблеми по однос на безвизниот режим кон земјите членки на ЕУ. Доколку нема сериозна истрага на Интерпол и ЕУ за овој скандал, се ризикува безвизниот режим да биде ограничен, или да биде суспендиран.

Да се потсетиме на реакцијата на Холандија која во мај 2019-та побара укинување на безвизниот режим за албанските пасоши со образложение дека „криминалните организации преку Албанија ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и ја шират мрежата за криумчарење“, за што холандскиот парламент усвои и резолуцијата.

Од сите 215 лажни пасоши кои македонското МВР ги издало на меѓународни нарко-босови во аферата “Мафија” може да се издвои оној со лажниот пасош на име Таќо Вурмо издаден на Waleed Issa Khamays, вториот човек на италијанската мафија #Ndrangheta, кој бил задолжен за логистика на пратките со кокаин од Бразил до Западна Европа. Овој нарко бос од 2017та година е еден од најбараните нарко-мафијаши од страна на Италија, но и од целата ЕУ, преку Интерпол. И додека вториот човек на мафијата во Италија, заради меѓународната потерница не смеел и не можел да влезе ни во Хрватска, ни во Србија, ни во Бугарија, успеал во јануари 2019 година да влезе во Македонија, а самиот негов влез во земјава отвара сериозна дилема за нефункционалниот систем на контрола на границите од страна на МВР. Со влезот во земјава и издавањето на македонски пасош на Waleed Issa Khamays, Македонија не само што им направила проблем на истражните органи во Италија, туку станала и сива зона за мафијашите по кои трага Интерпол.

Безвизниот режим за ЕУ е систем на ефикасна гранична контрола, високи стандарди и меѓусебна доверба. Во случајот на издадените 215 пасоши на меѓународни мафијаши Македонија потфрлија во граничната контрола и во взаемната доверба со членките на ЕУ. Затоа ќе мора многу темелно и заеднички со ЕУ да се  истражи случајот „Мафија“, се со цел да не се загуби стекнатата привилегија за безвизно патување со македонски пасош во земјите на ЕУ“, вели Милошоски во своето обраќање.

Слични содржини