357
Пратеничката од ДОМ Маја Морачанин во гостување во емисијата 24 анализа на телевизија 24 истакна дека урбанистичкиот градежен експансионизам мора да сопре и дека интересот на граѓаните мора да биде пред профитот.
„Во таа насока она што ние сме го сработиле како ДОМ во Собранието е усвојувањето на законот за урбано зеленило, а се донесе и нов закон за урбанистичко планирање. Во законот за урбано зеленило децидно стои дека мора да се обезбеди минимум 20% зеленило на градежна парцела.” – истакна Морачанин