353
Новинарката Мери Јордановска, во своето гостување на емисијата „Топ Тема” на Телма телевизија вели дека сме навикнати да гледаме двојни аршини во однос на постаапувањето на Владата на РСМ.
„Кај нас како да нема еден унифициран податок за тоа што треба да биде доверливо, кој податок е личен, кој податок е од јавен интерес, така што како да треба секоја институција да си носи свои заклучи за тоа што треба да е лично, а што треба да е јавно објавено. Она што е најважно е тоа што Влада уште на почеток се обврза на транспарентност, таа се обрза дека ќе објавува каде се трошат буџетските пари.” – истакна Јордановска