Белчевска Андреева: Богдановиќ има рок од 2 недели да даде одобрение за градба или да ги врати парите

Во гостувањето на Клик Плус вечерва, екс претседателката и актуелна членка на Советот на општина Центар, Јана Белчевска Андреева посочи дека краток е рокот да се најде решение за спорниот проект кај Холидеј Ин.

„Ние во моментов, треба Општина Центар да постапи чесно, транспарентно и да застане зад волјата на граѓаните. Најлошото што го слушаме е немоќта на институцијата – општина Центар. Напротв, мислам дека треба да размислиме што понатаму. Целта ни е да има правичност, неселктивност, транспарентност и да се заштити интересот на граѓаните. Општина Центар не смее да биде условена со платените комуналии, да го стави последниот потпис. Барајки вина меѓутоа или критики на институциите, нема да направиме ништо. Сега времето ни е кратко и градоначалникот има рок од 2 недели да стави потпис, или да ги врати парите“, истакна Белчевска Андреева.

Слични содржини