Патници од Косово заразиле пет општини во Австрија

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Во австриската провинција Горна Австрија се појави корона кластер, предизвикан од работници кои пристигнале со автобус од Косово.

Патниците во автобусот кој носел луѓе кои работеле во тој дел на Австрија се заразиле со коронавирусот.

Од 34-те патници, повеќе од половина биле позитивни на корона.

Овој кластер, во меѓувреме, опфати пет општини и погоди седум компании и пет училишта.

Минатата година, како што истакнаа властите, честопати имало проблеми со автобусите кои превезувале работници од Романија и Косово, јави „Танјуг“.

Слични содржини