Експлозии во близина на Ербил, цел на напад турски воен камп? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Експлозии се слушнаа вечерва во близина на аеродромот Ербил во Ирак, а наводно избил пожар во таа област, пренесуваат светските медиуми.

Според „Спутник“, мета на нападот наводно бил турски воен камп лоциран во регионот Курдистан во Ирак. Според неофицијални информации, ракета била испукана во магацин што го користеле воените сили.

На социјалните мрежи се појавија снимки од нападот, како и пристигнувањето на службите за итни случаи на местото на нападот.

Засега е непознато дали има повредени или загинати во експлозијата.

Слични содржини