Данска размислува да ја подели вакцината на „АстраЗенека“ во посиромашните земји откако ја прекина употребата на вакцината во земјата поради загриженост за формирање на ретки тромби, објави во четвртокот директорот на СЗО за Европа.
Данска стана првата земја што ја прекина употребата на вакцината на „АстраЗенека“ оваа недела, додека европските официјални лица продолжуваат да анализираат десетици извештаи за многу ретки згрутчување на крвта во комбинација со ниски тромбоцити кој се појавија во земјите на Унијата, како и во Велика Британија, пренесува Хина.
Светската здравствена организација (СЗО), која заедно со британските и европските медицински агенции продолжуваат да препорачуваат употреба на вакцината, велејќи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, исто така, врши притисок врз земјите да не складираат вакцини доколку не ги користат.
Лавовски дел од вакцината досега отиде во побогатите земји.
„Вчера разговарав со Сорен Бростром, директор на данскиот здравствен орган и сфатив дека данското Министерство за надворешни работи е подготвено или веќе разгледува опции за делење на вакцините на АстраЗенека со посиромашните земји“, изјави за новинарите директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.