157
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека наскоро ќе има важна посета на Брисел, каде ќе се разговара за сите регионални прашања, владеењето на правото и напредокот на Србија на европскиот пат.
– Убеден сум дека во периодот пред нас, Србија може побрзо да се придвижи кон ЕУ – напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, по средбата со претставниците на Квинта и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија.
Тој разговор го оцени како отворен и добар.