Додека ја соопштуваше одлуката дека нејзината земја веќе нема да ја користи вакцината на „АстраЗенека“, шефицата на Агенцијата за лекови на Данска, Тања Ерихсен, се онесвести на прес-конференција.
Ерихсен се струполи на земја одеднаш. Таа била пренесена во болница, а данските медиуми информираа дека сега се чувствува добро.
https://www.youtube.com/watch?v=iIN9Z66w7Lc&t=15s
Данска стана првата земја што ја прекина употребата на вакцината на „АстраЗенека“ оваа недела, додека европските официјални лица продолжуваат да анализираат десетици извештаи за многу ретки згрутчување на крвта во комбинација со ниски тромбоцити кој се појавија во земјите на Унијата, како и во Велика Британија.